Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пети: ПСЖ е здодевна екипа, нема ниту еден играч…

Објавено

на

foto:www.astamfordbridgetoofar.com/

Пари Сен Жермен игра катастрофално во актуелнава сезона во Лигата на шампионите каде по пет одиграни кола е дури на 25. место, пласман кој значи дека останува без нокаут фаза.

„Светците“ имаат забележано само една победа и тоа онаа среќна против Џирона кога голманот Газанига си постигна автогол во 90 минута. Лидерот во Лига 1 загуби од Арсенал, Атлетико Мадрид и во последната рунда од Баерн Минхен со 1-0, па сега е во тешка ситуација иако има уште три рунди до крајот и можат да се променат работите на подобро.

Емануел Пети како поранешен француски репрезентативец сака да ги види клубовите од неговата земја како се успешни во Европа, но дефинитивно има критики за тоа како изгледа ПСЖ во моментов.

-Фудбалот е емоција и не чувствувам никакви емоции гледајќи го Пари Сен Жермен. Не чувствувам никакви емоции кај ниту еден од играчите. Понекогаш се форсирам, навистина сакам да верувам во тоа, сакам да мислам дека во одреден момент сè ќе излезе во нивна полза, дека настапот на Луис Енрике ќе се обликува, но не чувствувам никакви емоции. Нема ниту еден играч кој ме возбудува. Дури и во колективното изразување на тимот, значително ми е досадно.

-Јас не сум ниту поддржувач на ПСЖ, ниту против ПСЖ, но сакам француските тимови да победуваат. Кога ги коментирам натпреварите, многу сум Французин и целосно ги поддржувам француските клубови. Но, не можам ни да се возбудувам за натпревар од Лигата на шампионите во Пари Сен Жермен, -порача Пети кој во својата земја го носеше дресот на Монако.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни