Поврзете се со нас

Англија

Пети посочи колку засилувања му се потребни на Арсенал и издвои едно име

Објавено

на

foto: www.astamfordbridgetoofar.com/

Премиерлигашот Арсенал има одлична сезона која може да биде крунисана со лигашка титула, но дури и тоа да не се случи клубот од Лондон дефинитивно ќе ја оствари главната цел, пласман во Лигата на шампионите за натпреварувачката 2023/2024.

„Топчиите“ паметно ја градеа екипата во изминатите преодни рокови и дефинитивно ќе повлечат уште некој потег на лето, а еден предлог за нив стигна од поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети. Пети е екс играч на Арсенал и како таков се радува на успесите на клубот, па според него Микел Артета и директорот Еду треба да донесат најмалку две нови имиња од кои едниот да биде Луис Данк од Брајтон.

-Според мене на Арсенал му е потребен уште најмалку еден централен дефанзивец и најмалку еден винг-бек (играч кој може да ја покрие целата страна-дефанзивно и офанзивно) идеално некој што може да игра на двете страни. Бидејќи Арсенал ќе игра ЛШ наредната година потребна им е длабочина во одбраната.

-Јас сум голем фан на Брајтон и мислам дека има неколку играчи во тој тим што можат да го подобрат Арсенал. Навистина ми се допаѓа Луис Данк, тој игра толку добро и би бил добар додаток за Арсенал, -порача Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни