Англија
Пети не верува во Покетино, типува на „бомбастичен“ двоец кој би го решил хаосот на „Стемфорд Бриџ“
Емануел Пети добар дел од својата играчка кариера му ја посвети на Челси, клуб кој не важеше за англиски великан во негово време, но кој сепак доби таков статус по аквизицијата која ја направи Роман Абрамовиќ.
Челси веќе две децении е во самиот англиски врв и важи за тим кој е еден од најдобрите во споменатиот период, но тоа не важи за последните две сезони во кои составот од „Стемфорд Бриџ“ не може да се пронајде.
Сопственичката промена не донесе посакуван ефект и Тод Боли веќе промени тројца тренери (Тухел, Потер и Лампард), а како што стојат работите, доста брзо би можел да се раздели и со Покетино.
Иако Аргентинецот тврди дека има максимална доверба од првиот човек, медиумите се почесто информираат дека трпението нема да трае вечно, а Пети смета дека веќе дошло време за смена на некогашниот менаџер на Тотенхем.
– Бев премногу разочаран од тоа што го видов против Вулверхемптон. Тие изгледаа толку дезорганизирано, тактички беа вистински хаос, едноставно не постои ниту боречки дух во тимот. Нема комуникација, нема карактер во овој тим. Навистина ми е жал за навивачите на Челси, жалам што мораат да гледат ваков тим. Покетино отфрла да отстапи од својата тактика, а се гледа дека овој тим нема композиција со таквиот пристап. Тој изгледа како човек што не знае што прави, а неговиот говор на телото не ветува ништо добро. Мене ми изгледа како човек кој веќе е прежален и набрзо ќе биде блиско минато.
– Прочитав една шпекулација која вели дека Мурињо би се вратил во Челси, а негов асистент би бил Џон Тери. Кога подобро ќе размислам на тоа, мислам дека би било навистина интересно. Мурињо и Тери ќе му дадат карактер на овој тим. Челси во моментов е скршен тим и треба некој да дојде и да ги поправи. Мурињо би можел да го направи тоа, тој знае како да извлече максимум од секој фудбалер, – вели Пети.
-
Шпанија22 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија24 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Свет9 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија21 час
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија20 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија22 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Европски купови9 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Англија23 часа
Премиерлигашки фудбалер ќе останел без прст во бизарен инцидент во својата кујна