Поврзете се со нас

Шпанија

Пети: Мбапе може да биде проблем за Реал, има толку многу…

Објавено

на

Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе ќе ја промени клупската средина по крајот на оваа сезона кога и му завршува договорот со клубот на кого му служи/служеше од 2017 година-тоа е Пари Сен Жермен.

Светските медиуми пренесоа дека Мбапе веќе го известил клубот за своето заминување со тоа што не открил која ќе биде наредната негова дестинација. Меѓутоа во денешно време е многу тешко нешто да се сокрие особено кога е во прашање играч од ваков калибар, па голем број на новинари од свои извори пренесоа дека ќе заврши во Реал Мадрид што и не е изненадување со оглед на долгодишната желба на Флорентино Перез да го види голгетерот на „Сантијаго Бернабеу“.

Секако за ова треба да се добие официјална потврда, па од тој агол на сите овие вести свој коментар даде Емануел Пети кој смета дека евентуалното доаѓање на Килијан во Шпанија може да биде и проблем за Реал.

-Немам идеја што ќе се случи и да бидам искрен, ние сме 67 милиони Французи кои немаат поим што ќе одлучи Мбапе на крајот од сезоната. Мбапе пред две недели изјави дека наскоро ќе го даде својот одговор. пред крајот на сезоната. Значи, не знам дали тој ќе остане во Париз, има толку многу шпекулации, толку многу разговори, договори, такви работи. Значи, кога зборувате за Мбапе, секогаш ја отворате вратата и никогаш не знаете што се случува.Можеби ќе оди во Мадрид, можеби ќе остане во Париз, можеби ќе оди на друго место.

-Ако Мбапе замине во Мадрид, тоа може да биде проблем. Не само во однос на платите во соблекувалната, туку и во однос на лидерството. Белингем беше неверојатен исто како Винисиус Жуниор, а ако замине во Мадрид, ќе мора да игра како напаѓач, исто како она што го направи неодамна за ПСЖ. Но, сите знаеме дека тоа не е неговата најдобра позиција. Има толку многу прашања и нема одговори.

-Сите сме уморни во Франција. На секои шест месеци, секогаш е истата приказна на масата. Да. Дали оди? Дали ќе замине? Дали ќе остане? Дали ќе замине? Дали имаше добар доручек утрово? Дали добро сереше? Ние сме толку уморни од тоа, како и во Франција. Можам да разберам дека и играчите се нервираат поради оваа ситуација бидејќи целото внимание е постојано насочено кон Мбапе. Не зборуваме за ПСЖ, ние секогаш зборуваме за Мбапе. Па може да биде проблем за некои играчи да се справат со оваа ситуација. И затоа реков дека сум уморен да зборувам за тоа на секои три недели, -порача Пети за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни