Шпанија
Пети: Мбапе е осамен, беше крал во Франција…
Килијан Мбапе беше доведен како топ, врвно засилување за Реал Мадрид пред почетокот на оваа сезона, но Франзузинот не делува баш најдобро во првите месеци на „Сантијаго Бернабеу“.
Мбапе знае да биде магичен напаѓач, сам да решава натпревари, носи победи, да биде во прв план и го предводи составот, меѓуто засега е далеку од тоа ниво и има критики на негова адреса без разлика на тоа што на хартија неговите бројки не се лоши, 10 гола и 2 асистенции на 20 натпревари.
Сепак се очекува повеќе од него, да биде вистинска ѕвезда, нешто што засега не го гледаме и според Емануел Пети една од причините за тоа е што неговиот сонародник е осамен во Мадрид, нема пријатели и соодветна поддршка.
-Мислам дека Килијан Мбапе е осамен во Реал Мадрид. Го видов Џуд Белингем како го игнорира и не изгледа дека има помош или пријатели во клубот. Тој е на удар на печатот и изгледа како да нема пријатели во Париз или Шпанија, а исто стана и јавен непријател број еден во Франција поради она што се случи во последната репрезентативна пауза. Тој е многу далеку од своето ниво и оваа сезона. Знам дека постигна десет гола, но тоа е само статистика и тој не личи на себе.
-Само го кажувам она што го чувствувам кога го гледам, ми изгледа мизерно на и надвор од теренот. Тој беше крал во Франција и можеше да прави што сака во ПСЖ и со Франција, а сега веќе не е исто. Тој е осамен и со врвни играчи, најголемиот натпревар е против себе и треба да можеш да ги решиш своите проблеми на теренот, -вели Пети.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот