Пети: Јасно е зошто Давид Луиз направи трансфер од Челси во Арсенал

peti-jakna

Давид Луиз го направи убедливо најголемото изненадување во последниот ден од преодниот рок во Англија, бидејќи изрежира премин во лутиот лондонски ривал на Челси.

Бразилскиот стопер остана во англиската престолнина, но сега ќе ги брани боите на Арсенал, клуб кој за симболична сума од 8 милиони фунти го доби искусниот централен дефанзивец. Давид Луиз без никакво размислување ја прифати понудата одново да соработува со Унаи Емери, но ако фановите на Челси имаат само негативни коментари за потегот кој го изрежира Бразилецот, истиот го сфаќа поранешниот играч на двата лондонски ривал.

– Фактот што Давид Луиз си замина на начинот на кој што си замина од Челси, укажува само едно нешто. Јасно е во што се крие работата. Лампард јасно му кажал дека нема да биде прв избор и дека нема да биде регуларно во стартниот тим. Според мене, оваа одлука требаше само да биде донесена порано. Турбулентно е да загубите играч во последните денови, но кога е во прашање одлуката, Лампард постапи правилно што му ја покажа излезната врата. Не верувам дека ќе зажали за тоа, – порачува Емануел Пети, светскиот шампион од 1998 година кој по три години настапуваше за Арсенал и Челси.

Facebook Коментари