Поврзете се со нас

Шпанија

Пети ја спореди Барселона со другите големи клубови: Разликата е политичка

Објавено

на

Емануел Пети мина само една сезона во редовите на Барселона, но со тоа дополнително го надополни своето богато фудбалско досие, во кое се вклучени и многу освоени трофеи.

Во последното интервју, поранешниот француски репрезентативец зборувал за разликите во однос на притисокот кој е присутен кај фудбалерите на Барселона во споредба со тој во клубовите од другите земји во кои настапувал.

– Веднаш откако ќе пристигнеш во клубот, ти кажуваат дека треба да учиш да зборуваш каталонски, а не шпански, дека треба да ја научиш традицијата на Каталонија, а не на Шпанија.

– Разликата е очигледна и е повеќе политичка, иако Барса е еден од најголемите клубови во светот со милионска база на фанови.

– Исто е како да играте за некоја држава, – истакнал Пети.

Покрај за Барса, Пети во кариерата настапуваше и за Монако, Арсенал и Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни