Поврзете се со нас

Англија

Пети има трансфер предлог до Арсенал: Тоа се двајца неверојатни играчи со огромно искуство

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChampionsLeague

Емануел Пети е поранешен играч на Арсенал и како таков дефинитино посакува овој тим да биде успешен и освојува титули.

„Топчиите“ под водство на Микел Артета веќе освоија неколку трофеи, но се вратија во трка и за пехарот во Премиер лигата, беа максимално конкуретни минатата кампања, а и во оваа се обидуваат да го нападнат престолот на Манчестер Сити.

Клубот од Лондон доста вложува во екипата со тоа што Пети смета дека потребни се уште засилувања кои според него треба да дојдат од Германија и тоа од Баерн Минхен-тоа се Јозуа Кимих и Леон Горецка.

-Според мене, ова е тим на кој му треба искуство. Знам дека сакаат да купат млади играчи со простор за подобрување и можам да го разберам тоа, но мислам дека им требаат играчи кои знаат да победуваат и имаат искуство во големи натпревари. Главните двајца играчи на кои јас би ги таргетирал ако бев во Арсенал ќе беа Кимих и Горецка.

-И двајцата се неверојатни играчи со огромно искуство, двајцата се во Баерн некое време и можеби би сакале нов предизвик. Горецка играше на толку високо ниво толку долго и се уште има само 28 години, мислам дека и Кимих би бил одличен за Арсенал, дури и ако цената може да биде малку скапа, -порача Французинот.

Како за Кимих така и за Горецка има шпекулации околу нивната иднина, за нивни наредни дестинации, но тие имаат договори до 2025 и 2026 година и прашање е дали Баерн би се откажал од нивните услуги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни