Лига на шампиони
Пети: Гвардиола најдобар тренер на светот? Кога ќе направи резултат без буџет од 3 милијарди евра…

Елиминацијата на Манчестер Сити од Лигата на шампионите и понатаму е топ тема во светот на фудбалот, а причината за тоа е неверојатниот пад на „граѓаните“ во самата завршница на пресметата со Реал Мадрид која дозволија да примат два гола во 90+ минута за да потоа бидат дотепани во продолженијата со погодокот на Карим Бензема.
Ова е дефинитиво удар за Сити кој беше не чекор од второ финале во низа во ЛШ и нов обид за прва титула во елитното натпреварување, но сега ќе мора да чека нова можност за тоа. Доста познати фудбалски имиња, сега аналитичари удрија по менаџерот Пеп Гвардиола, а меѓу тие критичари е и поранешниот француски репрезентативец Емануел Пети.
-Гвардиола беше наелектризиран, викаше по Марез и Фоден. Мораше да им дозволи на играчите да се концентрираат на играта. Беснееше низ цел натпревар. Дури видовме дека и помошниците понекогаш не одговараа на неговите зборови. Беше возбуден бидејќи неговиот тим во поголемиот дел од натпреварот имаше резултат што го води понатаму.
-Имам голема почит кон Гвардиола и се што направи. Ама ако сака да привлече повеќе внимание кон себе и луѓето го гледаат како генијалец… Ако утре повтори сличен резултат со редовен тим, без буџет од три милијарди, тогаш ќе му кажам дека е најдобриот тренер во светот. Сега тоа не е случај. Резултатот е немилосрден, -рече Пети кој не заборави еден детаљ.
-Пеп ја нема освоено ЛШ 11 години – откако Лионел Меси не е во неговиот тим, -порача некогашниот член на Арсенал, Челси и Барселона.
-
Шпанијапред 18 часа
Огромна промена: Реал Мадрид го замени главниот спонзор со уште поголем гигант
-
Италијапред 24 часа
Игуаин за проблемот во Италија: Јувентус ангажираше фотограф за мојата тежина
-
Англијапред 20 часа
Кепа го избра најдобриот светски голман и испофали еден досегашен соиграч: Реал доби огромно засилување
-
Францијапред 23 часа
ПСЖ го активира планот Б откако остана без примарната трансфер цел
-
Италијапред 19 часа
Канаваро со бомбастичен трансфер предлог до Наполи: Ако бев на местото на Де Лаурентис……
-
Англијапред 10 часа
Синклер: Постојат три причини за заминувањето на Мане од Ливерпул, главната е Клоп
-
Светпред 24 часа
„АС“: Роналдо се премислил и сака да си оди од Јунајтед, се отвора можност за сензационален трансфер
-
Шпанијапред 17 часа
Барселона не го заборави Меси и го поздрави со едно специјално ремек-дело (Видео)