Англија
Пети го избра најдоброто од Премиер лигата: Нема место за ниту еден од Арсенал и Челси
Емануел Пети најмногу ќе се памети по тоа што беше дел од незаборавниот шампионски состав на Франција кој направи историски успех на Светското првенство во 1998-ма година, но и по настапите кои ги имаше за неколку големи клубови од Англија и Шпанија.
Пети најголем дел од кариерата мина во родната Франција каде настапуваше за Монако, но фудбалските фанови посебно се сеќаваат и на неговите изданија во Премиер лигата, натпреварување во кое ги бранеше боите на Арсенал и Челси.
Како важен и угледен член на двата лондонски ривали, Пети често знае да ги коментира случувањата во двата клуба, но според актуелната состојба во двата тима, не пронајде ниту еден член кој може да биде дел од неговиот идеален тим во Премиер лигата.
Пети доби задача од „Мирор“ да го состави најдобриот тим од англиските тимови бирајќи ги петте надобри фудбалери, по што се одлучи за тројца играчи од Ливерпул и по еден од Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Голманското место му го додели на Алисон Бекер, во одбраната му довери одговорност на Ендрју Робертсон, во средниот ред се одлучи за двајца офанзивци како Де Брујн и Бруно Фернандеш, додека во нападот го смести Роберто Фирмино.
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 24 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 22 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 8 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)