Поврзете се со нас

Англија

Пети: Арсенал нема храброст…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChampionsLeague

Емануел Пети како поранешен играч на Арсенал секогаш има што да каже за премиерлигашот, позитивно или негативно, да даде некој совет или критики.

Пети сака да ги види „топчиите“ како се успешни, освојуваат титули, па се обидува на еден начин да помогне во целата приказна. Тој во изминатиов период има една интересна идеја за трансфер, засилување за клубот и тоа во името на Пол Погба кој ќе може да се врати на терените во 2025 година откако ќе му истече суспензијата поради допинг.

Погба би требало да расчисти со Јувентус и со чисти документи да ја побара новата средина, но Емануел не е убеден дека Арсенал има храброст, „мадиња“ да го ангажира иако би им бил од помош за остварување на целите.

-Спомнав дека Пол Погба би бил добра опција за Арсенал, но тоа е коцкa. Тоа е фрлање паричка. Последниот натпревар што го одигра беше лани во септември, пред 14 месеци. Тој не може да се подготвува со своите соиграчи бидејќи не му е дозволено да го стори тоа. Тој мора да тренира сам секој ден со физиотерапевт, ама не е исто.

-Ви недостига играта, ви недостига движењето, ви недостасуваат тактики. Ќе бидат потребни месеци за да се извлече најдоброто од Пол Погба. Тоа е коцка и згора на тоа има 32 години, но може да дебатирате дека ментално ќе се врати силно. Тој сака да докаже дека сè уште не завршил. Она што му се случи во последните 2-3 сезони беше кошмар надвор од теренот, -вели Пети и додава:

-На 32 години, каков е ризикот на клубот да го земе? Тој нема да добие многу пари поради она што се случи во последните две или три сезони. Тој веројатно ќе добие пристоен договор, но со клаузула која вели дека ако може да постигне одредена сума на натпревари, може да добие покачување. Не сум сигурен дека големите клубови како Арсенал имаат храброст да ангажираат играч како Погба. Запомнете што се случи со некои врвни играчи кои му се приклучија на Арсенал, повеќето од нив беа неуспешни.

-Не сум сигурен дека ангажманот на Погба всушност се вклопува со филозофијата на Арсенал, особено откако Еду не е тука. Тоа е коцкање, но не сум сигурен дека Арсенал ќе го преземе тоа. Сигурен сум дека некои француски клубови ќе бидат многу заинтересирани за него, -смета некогашниот француски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни