Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Петерсен погоди во последната секунда, Вардар остана без победа против Елверум

Објавено

на

blank

Екипата на Вардар не успеа да слави над Елверум во првиот од двата закажани меча во Скопје во рамките на Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ беа во поволна ситуација да дојдат до втор триумф во елитното натпреварување, меѓутоа прво испуштија предност од плус четири (30-26) за да во завршницата Стоилов не реализа, а пак на спротивната страна, последната секунда Петерсен погоди за конечни на крајот 34-34.

Ова е дефинитивно разочарувачки за Вардар, но веќе за неколку денови против истиот овој противник ќе може да го поправи впечатокот и дојде до посакуваниот резултат.

Гаџа со 8 гола беше прв стрелец, Чупуќ даде 6, Столе 5 погодоци, а пак голманот Кизиќ имаше 12 интервенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни