Поврзете се со нас

Лига на нации

„Петарди“ на Германија и Холандија, Асани ја „нокаутираше“ Украина (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/OnsOranje

Репрезентациите на Германија и Холандија забележаа убедлив триумфи во соочувањата со Унгарија и Босна и Херцеговина во групата 3 во сегментот А во Лигата на нации.

Германците ја понижија Унгарија со 5-0 во дуел во кој пет различни играчи се запишаа во листата на стрелците и тоа Филкруг, Мусиала, Вирц, Павловиќ и Хаверц кој погоди од белата точка.

Холанѓаните имаа потешка задача во соочувањето со Босна и Херцеговина, славеа со 5-2 со тоа што двата гола за потврда на триумфот паднаа во самата завршница.

По првиот дел резултатот беше 2-1 со головите на Зикрзе и Рајндерс на едната и на Демировиќ на другата страна. Гакпо во 56 минута ги однесе домаќините на плус два, предност која беше активна до 88 кога Вегхорст стрелаше за 4-2, а потоа и Симонс за точна на гол шоуто.

Во сегметот Б во Лигата на нации Грција беше подобра од Финска со 3-0, додека пак Албанија со пресврт ја доби Украина со 2-1.

Победничкиот гол беше дело на некогашниот член на Вардар и Шкупи, Јасир Асани во 66 минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни