Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Петарда“ на Барселона во Белград, дербито за Интер, Атлетко го сруши ПСЖ на „Паркот на принцовите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/sport

Екипата на Барселона продолжи со квалитетните изданија и оствари убедлив триумф над Црвена Звезда од 5-2 на вечерашниот натпревар од четвртата рунда во Лигата на шампионите.

Каталонците примија два гола од два удари во рамките на голот на Пења, меѓутоа беа ефикасни на спротивната страна каде петпати го матираа Илиќ со погодоците на Мартинез, Левандовски (2), Рафиња и резервистот Лопез.





Кога се во прашање „црвено-белите“ за нив погодија Силас и Милсон.

Во дербито Интер беше подобар од Арсенал со 1-0. Гостите ја имаа топката од своите нозе, упатија далеку повеќе удари од противникот, ама калчолигашот со голот од пенал на Чалханоглу во финишот на првиот дел дојде до три големи бода.

Интересно беше во Париз каде ПСЖ беше шокиран од Атлетико Мадрид во 93 минута. Кореа со прецизен, одмерен удар го матираше Донарума за огромно славје на „душекџиите“ од 2-1. Домаќините го отворија резултатот во 14 минута преку Заир Емери, но одговорот стигна многу брзо од Молина во 18 минута.

Баерн Минхен се радуваше на минимална, ама важна победа над Бенфика со голот на Мусиала во вториот дел.

Останати резултати:

Спарта Прага-Брест 1-2

Штутгарт-Аталанта 0-2

Феенорд-Салзбург 1-3

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни