Петар Заборски супериорно до златото на Светскиот карате куп во Умаг

zaborski
Петар Заборски од Карате клубот Макпетрол, за Македонија го освои златниот медал на Светскиот куп за младинци во Умаг, Хрватска. Тој во категорија на помлади сениори или (У-21), во тежинската категоријата до 75 килограми, по победата во финалето со 4-2 над Италијанецот Лоренцо Пијетромарчи се закити со златниот медал.
Заборски до финалето забележа четири победи и тоа против Никлас Веимер од Шведска 4-0, Марк Саликру од Шпанија 5-0, Патрик Ривест Николас од Канада 8-0 и во полуфиналето Камил Салаев од Русија 3-2.

Петар Заборски веднаш после завршувањето на финалната борба посочи:

-За ова финале бев посебно мотивиран. Јас во 2015 година во Швајцарија, Цирих на европското првенство за Јуниори исто како и сега влегов во финалето и имав противник од Италија. Тогаш ми судеше како главен судија од Швајцарија и некако цело време го водеше натпреварот, за на крај да ме дисфалификува. Паметам дека сите новинари и целата публика негодуваа се чудеа како може една финална борба да заврши со дисфалификација поради измислени 4 (четири) контакт удари. Затоа, сега решив по секоја цена да се реванширам токму на тој момент. Успеав во тоа и затоа сум многу среќен, -рече Заборски.

Во Умаг учествуваа 2000 каратисти од 70 држави.

Според она што го најави ВКФ, место за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес-Аргентина во 2018 година обезбедува секој што ќе освои медал, така што Петар Заборски си ја доби олимписката виза. Инаку Заборски беше единствениот македонски каратист што освои медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 за 2017 година во Софија Бугарија, во истата конкуренција и категорија.

Тренерот на Макпетрол д-р. Бошко Заборски истакна:

-Овогодишниот Светски куп кој се одржа во Умаг е единствен во Светски рамки за оваа возрасна категорија и затоа е највисоко рангиран од страна на Светската карате федерација (ВКФ), овој светски куп е критериумски за обезбедување на виза за претстојните Оимписки игри во Буенос Аирес – Аргентина. Затоа и масовноста и квалитетот оваа година беше на највисоко ниво. Сакам да потенцирам дека сум многу задоволен од настапот на Петар Заборски. Минатата година Петар Заборски, исто така беше во финалето, но тогаш беше вице првак загуби во борбата за златниот медал, еве сега успеа да се качи на победничкото постоље, и со тоа потврди дека во моментов е највисоко рангиран во својата возрасна и тежинска категорија, -вели Заборски.

Facebook Коментари