Поврзете се со нас

НБА

Пет причини: Зошто Џордан би „газел“ во денешната НБА лига

Објавено

на

Во изминатиов период преку документарецот „Последниот танц“ големиот Мајкл Џордан повторно стана актуелен, дел од луѓето се навратија и се потсетија на тоа што го правеше додека беше активен, додека пак поновите генерации видоа кој е Ем-Џеј и што се правеше за да дојде до една цел-победа и секако освојување на титули.

Големата ѕвезда на Чикаго Булс играше во НБА во периодите од 1984–1993, потоа од 1995–1998 и од 2001 до 2003 година. Кога и да стигнеше во финалето, борбата за пехарот, Џордан излегуваше како победник, па така со „биковите“ има шест од шест.

Неговите севкупни бројки во кариерата се 30,1 поен, 6,2 скокови, 5, 3 асистенции и 2,3 украдени топки по натпревар во регуларниот дел и 33,4 кошеви, 6,4 скокови, 5,7 асистеции и 2,1 украдени топки во плејофот.

Ова се бројки, информации кои покажуваат зошто за многумина Џордан е најголемиот играч на сите времиња. Воедно често се поставува прашањето како Мајкл би се снашол во денешната НБА, какви бројки би имал, па така реномираниот медиум „ЕСПН“ наведе пет причини зошто поранешниот американски репрезентативец би „грмел“ и во денешната кошарка.

Неверојатен атлетизам (црвстина)

-Одличен шут

-Правилата поради кои сега е полесно да се игра во напад

-Перфектна одбрана за денешната НБА

-Натпреварувачки дух (компетитивност)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни