Балкан
Пет Македонци на средбата во Ларнака, Тричковски го совлада Богатинов (ВИДЕО)

Иван Тричковски, Даниел Мојсов и Стефан Спировски ја добија македонската пресметка против Мартин Богатинов и Јован Костовски во првата лига на Кипар.
Имено составот на АЕК Ларнака го потврди статусот на фаворит и славеше со 3-1 над Етникос Ахна во мечот во кој во листата на стрелци се запиша напаѓачот Тричковски. Популарниот Тричко беше максимално прецизен во 19 минута и со одмерен удар ја затресе мрежата на Богатинов.
Ова беше дуел кој Иван и Мартин го одиграа до почеток до крај, Костовски и Спировски добија шанса во второто полувреме, додека пак стоперот Мојсов беше стартер, меѓутоа во 72 минута заработи втор жолт картон и предвреме беше испратен во соблекувалната.
За Тричковски ова беше 10. сезонски погодок, АЕК пак со 41 бод е на 5 позиција на табелата. Етникос Ахна пак со 22 е на претпоследното место.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 22 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 20 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Англијапред 21 час
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал
- Шпанијапред 17 часа
Жоао Феликс го замолкнуваше Симеоне, тренерот на Атлетико му одговори со стил (Видео)