Поврзете се со нас

Шпанија

Пет играчи на Барселона висат за почетокот на новата сезона во Примера, Олмо е еден од нив

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Барселона новата сезона во Примера ќе ја започне со незгодно гостување во Валенсија на „Месталја“, меч на кој тренерот Ханси Флик нема да може да смета на доста важни играчи поради повреди, а дополнителен проблем е што дел од играчите и не се регистирани за настап и ако тоа не се промени нема да можат да бидат во комбинација на настап.

Имено се работи за петмина фудбалери меѓу кои е и засилувањето Дани Олмо. Тука се уште стоперот Ињиго Мартинез, Алекс Вале, Пабло Торе и Пау Виктор кој одлично се покажа во подготовките за новата сезона.

Флик побарал Мартинез да биде регистриран и клубот ќе направи напори тоа да се среди, а за останатите останува да се види дали ќе се создадат услови за да се најдат на списокот за соочувањето со Валенсија в сабота од 21:30 часот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни