Поврзете се со нас

Балкан

Пешиќ за тоа дали останува селектор на Србија: Единственото нешто што е точно…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Српската кошаркарска репрезентација имаше добри резултати под водство на искусниот Светислав Пешиќ и токму поради ова федерацијата сака да го задржи на функцијата предводник на националниот тим.

По освоената бронза на ОИ во Париз има доста информации околу стратегот, имаше најави дека си заминува, потоа дека можно е да остане и оти размислува на оваа тема, а потоа и дека ќе остави простор некој друг да го заземе неговото место.

Денеска медиумите кај нашите северни соседи информираа дека Пешиќ сигурно останува, па „Спорт Клуб“ стигна до него и трофејниот стручњак откри каква е реалната ситуација.

-Се што стигна до јавноста, вклучително и претставниците на медиумите, стигна и до мене. Единственото нешто што е точно е дека се разговара и се бараат можности поради моите претходни обврски. Навистина не можам ништо да ветам, -порачал популарниот Кари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни