Поврзете се со нас

Светски првенства

Пешиќ за шокантните компликации кои ги доживеа Симаниќ: Можеме само да се молиме

Објавено

на

Foto:twitter.com/KSSrbije

По вчершаниот неочекуван расплет на натпреварите од завршната рунда во втората фаза, Србија дозна дека во четвртфиналето ќе игра против Литванија, селекција која направи подвиг и успеа да ја победи фаворизираната Америка.

Селекторот Светислав Пешиќ не може максимално да се фокусира само на ово меч и призна дека истото важи и за сите играчи во тимот, а причина за тоа е компликациите кои ги доживеа Бориша Симаниќ.

Репрезентативецот на Србија заврши на оперативен стол по еден навидум обичен дуел на натперварот против Јужен Судан, но неколку дена подоцна, пристигна информација дека поради компликации му бил изваден еден бубрег.

– Ситуацијата со Бориша е многу комплицирана, па сакаме или не, таа влијае врз сите нас. Сите сме загрижени и не можеме да веруваме што настана од речиси ништо. Ситуацијата е навистина тешка за сите, но не ни преостанува ништо друго, освен да му посакаме што побрзо да ја надмине кризата.

– Од цел тим има безрезервна поддршка, навистина сите зборуваме за него. Тој е омилен во тимот, но за жал не можеме да влијаеме врз таа ситуација. Можеме само да чекаме и да молиме за него, – изјави Пешиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни