Поврзете се со нас

Балкан

Пешиќ за „бришењето“ на Теодoсиќ: Има подобри од него на таа позиција

Објавено

на

Селекцијата на Србија важи за еден од фаворитите за пехарот на престојното Европско првенство, но има доста проблеми кај нашиот сосед пред овој важен настан, а еден од нив е Милош Теодосиќ.

Искусниот плејмејкер беше „избришан“ од селекторот Светислав Пешиќ, потег кој донесе коментари, реакции, но досега стратегот се немаше огласено или поточно немаше прилика да објасни зошто се реши да донесе таква одлука.

Популарниот Кари истакна дека ова не било лесно да се направи, но едноставно не можел да му понуди таков статус, улога на Теодисиќ како што досега го имал во националниот тим.

-Имавме добар разговор со Теодосиќ, та не беше лесна одлука – не само затоа што е долго време во репрезентацијата, не е лесно за ниту еден играч. Можеби е малку изненаден, но тоа е дел од спортот. Му кажав дека не можам да му го понудам статусот и местото што го имаше досега во репрезентацијата и дека се вртам кон играчи кои можат да дадат повеќе во овој момент, -рече Пешиќ и додаде:

-Тој е капитен на репрезентацијата, даде многу за тимот. Имаше идеја да остане, да биде резервен играч, но тој не е играч кој треба да биде резерва. Во овој момент мислам дека имам подобри решенија од него на таа позиција. Тој ми се заблагодари, а јас му се заблагодарив за начинот на кој тоа го прифати, -истакна селекторот на Србите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни