Поврзете се со нас

Олимписки игри

Пешиќ по враќањето во Белград: Во финалето требаше да играат Србија и Германија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Членовите на српската кошаркарска репрезентација вчера ги обезбедија бронзените медали на Олимписките игри во Париз, а денеска пристигнале во Белград, каде очекувано добиле соодветен пречек од фановите и медиумите.

Селекторот Светислав Пешиќ зборувал на повеќе теми на официјалната прес-конференција, а смета дека битката за бронзата меѓу Србија и Германија всушност требало да биде финале на олимпискиот турнир.

– По се што е видено на турнирот, без подлабоки анализи, во финалето требаше да играат Србија и Германија, – рекол искусниот српски стручњак.

– Ова беше турнир на кој играа најдобрите светски кошаркари, дури и Американците дојдоа со најдобрите 12 од НБА лигата.

– Во другите репрезентации имаше многу НБА играчи и кошаркари кои играат во Евролигата, на вака квалитетен турнир не можете да успеете без заедништво и тимски дух. Требаше да бидеме фокусирани и да издржиме се што се појави пред нас како предизвик, сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на играчите што го издржаа сето ова и ми помогнаа и мене, – изјавил Пешиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни