Поврзете се со нас

Свет

Пешиќ останува да ги води Србите: Имав други планови…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Светислав Пешиќ официјално и во иднина ќе ја извршува функцијата селектор на српската кошаркарска репрезентација.

Многу се говореше за неговиот статус и тоа дали ќе остане предводник на националниот тим, имаше различни информации во различен период за да на крајот се пронајде заеднички јазик и решение тој да продолжи да ја извршува функцијата најмалку до 30 септември 2025 година.

-Веќе имав други цели, планови и обврски. Успеавме тоа да го регулираме и еве ме сега, пред вас. Немаше преговори, туку разговори. Никогаш не кажувај никогаш. Ситуацијата е таква што се ближат квалификациите, фамозните „прозорци“ за ЕП.

-Веќе имавме еден прозорец во февруари. Сега имаме обврски против Данска во ноември, а потоа во февруари со Финска и Грузија. Се трудев колку што можев, се надевам дека ги исполнив желбите на играчите, федерација, на Небојша и на јавноста. Еден ден, тој континуитет треба да го продолжи некој друг. Тренерот е во години, но страста за кошарката е сè уште длабоко во мене и тоа е една од причините што влеговме во тие разговори. Сега имаме работа. Ништо не успева како успехот во Србија.

-Се создаде континуитет, но кој ме знае, јас сум секогаш за процесот. Секако дека сите сакаат да победуваат, јас сакам, но секогаш сум за процесот, а тој процес значи оние познати квалификации, прозорци, кои ни беа комплицирани, -истакна Пешиќ.

Пешиќ со Србија освои бронза на ОИ во Париз и сребро на СП во Манила.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни