Поврзете се со нас

Балкан

Пешиќ одговори на жестоката прозивка од легендарниот Паспаљ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Жарко Паспаљ јавно и отворено го критикуваше Светислав Пешиќ пред извесно време, зборови кои секако предизвикаа големо внимание во српската спортска јавност.

Актуелниот селектор на српскиот кошаркарски тим се пожали дека нема никаков систем за развој на кошарката и со таквото свое гледиште си привлече и негативни коментари, но кога е во прашање забелешката од Паспаљ, популарниот Кари ја прифаќа истата во целост.

– Жарко апсолутно е во право. Не би додал ништо повеќе за тоа што го кажа. Јас немав можност да бидам во Србија цело време, а тоа беше случај со Паспаљ, Дуле и Човиќ. Јас имав друг пат и бев во странство.

– Кога зборувам за ова што го имаме денеска, не сакам да намалам ничиј труд и само да критикувам, добро знам со што се бореше нашата држава во тој споменат период. Имаше војна, економска криза, бомбардирање….. Сето тоа влијаеше да не направиме исчекор каков што се очекува.

– Но, сега сум тука и ќе се борам за кошарката. Не сакам да напаѓам и да критикувам, сакам да го искажам својот став. Сега сум тука и можам да направам нешто за нашата кошарка, – потенцира Пешиќ.

Српска легенда со жестоки критики за Пешиќ: Каде беше последните 15 години?

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни