Поврзете се со нас

Свет

Пешиќ ја „повлече“ изјавата за изборот на репрезентација на синот на Предраг Стојаковиќ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Српскиот кошаркарски селектор, Светисав Пешиќ, изминатава недела отвори дебата со изјава поврзана за иднината на Андреј Стојаковиќ, син на прославениот српски кошаркар Предраг Стојаковиќ.

Андреј е роден и израснат во Грција и постои уверување дека ќе ја избере оваа земја пред Србија кога ќе треба да избере сениорски национален тим, а Пешиќ излегол со контра став тврдејќи дека Стојаковиќ јуниор сака да настапува за нашиот северен сосед.

Грчките медиуми се активираа и бараа објаснување од семејството Стојаковиќ, за тие да излезат со став дека актуелниот колеџ играч воопшто не се изјаснил за ова прашање, ниту пак го информирал Пешиќ за таква одлука. Неколку дена подоцна, стигна објаснување од српскиот селектор кој на интересен начин го разреши недоразбирањето.

– Се случи недоразбирање, во емисијата во која гостував зборувавме за повеќе играчи кои имаат двојно државјанство и може да настапуваат за Србија.

– Кога гледачот го постави прашањето за Стојаковиќ, Дуле Вујошевиќ го спомена и Тристан Вукчевиќ, па јас му објаснував каква е ситуацијата со него и дека морал да чека до 21 година за да може да настапува за друга репрезентација, а не за Грција. Јас воопшто не зборував за Стојаковиќ, некој тоа го пренесе во медиумите и настана класично недоразбирање, – објаснил Пешиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни