Поврзете се со нас

Свет

Пешиќ ја одбил Барселона за да остане селектор на Србија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Српскиот кошаркарски стратег Светислав Пешиќ пред некое време и официјално го реши прашањето околу селекторската позиција, функција која ќе продолжи да ја извршува и во иднина.

Имеше доста дилеми, прашања дали ќе предолжи да биде на чело на српската репрезентација, ама сепак на крајот се најде соодветно решение и тој и во иднина ќе се обиде да најдобар можен начин да ја одработи задачата што секако не е лесно ако се земе предвид дека не може секогаш да ги има на располагање најквалитетните играчи и мора да менува од „прозорец“ во „прозорец“, од настан до настан.

Пешиќ имал можност да ја заврши оваа приказна и да се врати во Барселона, но популарниот Кари одлучил да остане да помогне и покрај одличниот однос кој го има со шпанскиот великан.

-Ќерка ми работи во академијата на Барселона, така што мојот однос со Барселона никогаш не бил прекинат. Таму сум попопуларен отколку во Белград. Сакам да бидам таму и тие се уште играат со мене кога е во прашање Барселона, но дојде репрезентацијата, па се откажав од неа. Имав договор со Ла Масија каде се произведуваат најдобрите играчи во светот.

-Ова е сега начинот на кој Барселона ќе работи во иднина. И денес во рамките на Масија има резиденција за кошаркари, но не онака како што треба да се развива во иднина, -вели Пешиќ за „Спорт Клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни