Поврзете се со нас

Олимписки игри

Пешиќ: Играме против најдобриот тим во историјата на репрезентативната кошарка, ама…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Србија успеа да се пласира во полуфиналето на кошаркарскиот турнир каде за ривал ќе го има најголемиот фаворит за олимпиското злато селекцијата на Соединетите Американски Држави.

Оваа два тима веќе еднаш се соочија на овој турнир и тоа на стартот на групната фаза, натпревар кој Американците рутински го добија што за нив беше второ славје против Србите за краток временски период затоа што претходно ги добија и во подготвителниот период.

Повеќе од јасно е дека многу работи се на страна на Американците, но нашите северни соседи сакаат да се прикажат во најдобро светло и да пробаат да направат сензација.

-Играме против исклучителен тим, според мене најдобар во историјата на репрезентативната кошарка. Американците веќе не го прикажуваат само тој исклучителен индивидуален квалитет, тие во меѓувреме пораснаа како тим. Ние го почитуваме тоа, но и ние се почитуваме. И не се плашиме, сакаме да одиграме добар натпревар. Никому не се закануваме. Сега немаме право ни да се закануваме, свесни сме со кого играме.

-Тоа што сме меѓу четирите најдобри селекции сам по себе е огромен успех, но рековме дека дојдовме овде не само да дадеме се од себе, туку да се дадеме за да дојдеме до олимписки медал. Ова е првата шанса и не сакаме така да ја загубиме. По еден многу тежок и возбудлив натпревар со Австралија, во кој бевме не само физички, туку и психички истрошени, останавме во хотелот, им дадовме на играчите малку повеќе простор за одмор.

-Им дадовме многу работа на нашите тренери и медицинскиот персонал за да се обидеме да ги вратиме во првобитната состојба бидејќи против Австралија навистина многу се потрошивме, -истакна селекторот Светислав Пешиќ.

Средбата е закажана за 21 часот во салата „Берси“ во Париз.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни