Поврзете се со нас

Свет

Пешиќ ги расчисти сите дилеми: Чувствувам одговорност само кон…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Искусниот кошарски стратег, Светислав Пешиќ испрати уште една јасна порака во однос на тоа дали ќе ја води српската кошаркарска репрезентација.

Популарниот Кари пред некое време истакна дека завршува неговиот втор мандат на клупата на националниот тим, односно дека нне планира повеќе да ја води репрезентацијата. Ова секако за многумина беше изненадување затоа што стратегот успеа да формира група која играше квалитетно како на СП така и на ОИ кои летово се одржаа во Франција, па дури и капитенот Богдан Богдановиќ реше дека верува оти Пешиќ ќе остане на функцијата.

-Имам други планови во животот, сакам да работам нешто друго. Немам 57 туку 75 години. Апсолутно не чувствувам обврска кон никого. Она што го чувствувам е само одговорност кон играчите со кои работев во претходните три години и тоа е она што ме „мачи“ во мојата конечна одлука.

-Веќе му кажав на Човиќ новиот претседател, нов тим, нови потпретседатели, се ново, почеток на нов олимписки циклус, нов тренер, се ново. Не бегам од тоа да му помагнам на Човиќ и на новиот селектор колку што им треба помош од мене. Немам што ново да објавам, -порача трофегниот стручњак за „Спорт Клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни