Поврзете се со нас

Свет

Пешиќ е веќе минато, Барселона го посакува Јасикевичиус

Објавено

на

Шпанскиот великан Барселона одлучи да се раздели со тренерот Светислав Пешиќ откако не успеа да ја освои титулата во АЦБ лигата, односно го загуби финалето од Басконија.

Каталонците ќе добијат нов тренер: Барселона „раскина“ со Пешиќ!

Сега се поставува прашањето кој ќе го наследи Кари на клупата на каталонците, а според информациите на медиумите прва опција е Шарунас Јасикевичиус. Тој во моментов го води Жалгирис, меѓутоа клубот од Каунас поради последиците од коронавирусот го крати буџетот и Шарас има опција да си замине особено затоа што освен Барса го брка и Фенербахче кој е исто без тренер по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.

Останува да видиме која опција ќе ја одбере Литванецот со тоа што Барселона дефинитивно има предност со оглед на тоа што тој мина неколку убави, добри години во Каталонија како играч, период во кој ја освои и Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни