Поврзете се со нас

Олимписки игри

Пешиќ: Десет репрезентации ќе се борат за медал

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Србија со моќен тим ќе се обиде да направи голем резултат на кошаркарскиот турнир на престојните Летни Олимписки Игри во Париз.

Нашиот северен сосед ќе го има на располагање Никола Јокиќ, тука е и капитенот Богдан Богдановиќ, но и уште неколку играчи кои настапуваат во НБА лигата како Мициќ, Јовиќ, Покушевски, плус уште неколку асови кои настапуваат во квалитетни клубови ширум Европа.

Сето ова прави да се зголемат апетиите на јавноста, но селекторот Светислав Пешиќ е внимателен и со една реченица посочи колку очекува да бидат израмнети мечевите на ОИ.

-Според мене десет селекции ќе се борат за медал. Видовте како Бразил ја совлада Летонија која беше најпријатното изненадување на Светското првенство. Единствената позитивна работа е што ги избегнувате Американците во четвртфиналето, но ги имате во групата, -порача Пешиќ.

Србија во почетната фаза ќе ги одмери силите со главниот фаворит за златото САД, потоа Јужен Судан и Порторико селекција која тримфираше на турнирот што се одржа во Сан Хуан пред неколку дена.

Се враќаат на најголемата сцена по две децении: САД и Србија го дознаа ривалот за ОИ во Париз (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни