Поврзете се со нас

Олимписки игри

Пешиќ: Без провокации, но ова требаше да биде финале!

Објавено

на

Foto:x.com/OKSrbije

Србија успеа да се прибере по тешкиот пораз од САД и денеска одлучно излезе на теренот против Германија, селекција со која имаше нерасчистени сметки од минатата година.

Германците победија во големото финале на Светското првенство пред една година и Србите мораа да се задоволат само со сребро, но денеска од почеток до самиот крај доминираше една репрезентација.

Србите постојано водеа и се реваншираа за ланскиот пораз, па така заслужено се радуваат на бронзениот медал кој има огромно значење после се она што се случи во изминатите 48 часа.

Селекторот Светислав Пешиќ имаше многу критики за судиските одлуки по болниот пораз од САД, па затоа и денеска по победата посочи дека „малото финале“ всушност требало да биде финале на Олимпискиот турнир.

– Како што реков и пред Олимписките игри, ова е еден од најконкурентните турнири на сите времиња. Среќни ме што учествувавме тука, среќни сме што победивме денеска. Одигравме добро и го контролиравме цел меч. Ова беше сличен меч како оној со САД, сите кои разбираат кошарка, знаат дека Шрудеер и Вагнер се најдобри на своите позиции.

– Нас ни беше важно со цврста одбрана да добиеме самодоверба. Добра одбрана значи и добра организација, денеска го покажавме тоа. Германскиот тим е еден од најдобрите во историјата, на сите им е ејасно дека овие два тима заслужија да играат финале на Олимписките игри. Без провокации, но ова требаше да биде финале, – порача Пешиќ по победата од 93:83.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни