Поврзете се со нас

Светски првенства

Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Ремито против Унгарија на стартот на Светското првенство ќе ги зголеми апетитите меѓу сите оние кои редовно ги следат настапите на македонската ракометна репрезентација, но додека селекториот Кирил Лазаров бара претпазливост, дел од играчите не ја кријат еуфоријата од добро прикажаното лице против фаворизираната Унгарија.

Жарко Пешевски како еден од поискусните во овој национален тим повторно беше важен дел од ротацијата на Лазаров, а борбениот пикер испрати навистина добра и оптимистичка порака по првиот настап на националниот тим во Вараждин.

Исто како и Кузмановски, Пешевски освоениот бод му го посвети на Александар Јовиќ, ценетиот и сакан работник за кој денеска пристигна вест дека неочекувано го загубил животот.

– Супер тежок натпревар, а за нас уште потешко започна денот. Загубивме голем пријател во Јовиќ, тој беше голем спортски работник и бил тренер на сите во тимот. И покрај се, собравме сили да изгинеме на теренот, излеговме и дадовме се од себе. Го имавме мечот во свои раце, но на крајот мислам дека нерешениот резултат е најреален.

– Ова да ни биде мотив повеќе за наредните натпревари кадешто мислам дека ќе гледате уште поборбена Македонија. Се надевам дека ќе биде така и дека заедно ќе се радуваме, – изјави Пешевски од микс-зоната во Вараждин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни