Поврзете се со нас

Свет

Пешевски се збогуваше со Штутгарт: Никогаш не се почувствував како странец, ви благодарам од срце (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски имаше победнички крај на својата приказна со бундеслигашот Штутгарт.

Во својот последен меч тој постигна еден гол против Мелсунген во средба во која домаќините со пресврт во вториот дел (18-14) дојдоа до славје од 28-25 за идеален крај на натпреварувачката 2021/2022 во елитната ракометна германска конкуренција.

Ова секако беше можност за Жаре да се збогува со клубот, навивачите, па освен на теренот испрати и порака преку социјалните мрежи:

-Каков вчерашен настап. Три прекрасни сезони во „сино-белото“ семејство. Изградивме мост меѓу две различни култури, разбирање и меѓусебно почитување. Во ниту еден момент не се чувствував како „странец“. Ви благодарам од се срце и се гледаме наредниот пат. Ваш Жарки, -напиша кружниот напаѓач на Фејсбук.

Инаку нов клуб на Пешевски е Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни