Светски првенства
Пешевски: Репрезентацијата е на добар пат, ќе продолжиме да се бориме како и досега

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонските ракометари ја остварија клучната цел на ова Светско првенство и си загарантираа уште најмалку три натпревари во вториот круг, фаза во која нашата селекција ќе ги одмери силите со Австрија, Катар и Франција.
Првите два натпревари ќе дадат одговор за тоа дали Македонија има сили и квалитет за нокаут фазата на ова големо натпреварување, со тоа што првиот против репрезентацијата на Австрија ќе биде на програмата веќе задутре.
Жарко Пешевски беше еден од играчите кои направија анализа на случувањата на денешниот меч против Гвинеја кој го добивме со 29:20, но за разлика од општиот впечаток на целата јавност, искусниот пикер смета дека победата и не била така рутинска.
– Не би рекол дека беше рутинска победа, но успеавме да славиме и ја издрадувавме јавноста. Ги израдувавме нашите навивачи и најважно е што се пласиравме во втората рунда на турнирот. На почетокот бевме во грч, а тоа направи да имаме потешкотии и да славиме потешко од очекувањата.
– На крајот пресудија искуството и квалитетот и заслужено сме во следната фаза. Таму не чекаат одлични и сериозни противници, станува збор за ривали кои бараат да имаме огромна поддршка од трибините. На добар пат сме, ќе продолжиме да се бориме и се надеваме дека ќе се прикажеме во исто светло како во првата фаза, – изјави Пешевски.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)