Поврзете се со нас

Репрезентација

Пешевски пред Холандија: Ние сме фокусирани и мотивирани, ќе победи…

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација ја очекува нов натпревар на Светското првенство, соочување со селекцијата на Холандија која во првото коло беше подобра од Гвинеја со 40:23.

Ние имавме одличен меч со Унгарија на кој можевме и да победиме, меѓутоа и ремито од 27:27 е одличен резултат и мотивација плус денешното соочување со Холанѓаните закажано за 18 часот.

-Максимално сме фокусирани на Холандија, забораваме на се што се случуваше со Унгарија. Максимално сме мотивирани и би било жалосно така да не биде кога имаме такви навивачи, толку голема поддршка. најавите се дека ќе дојдат уште повеќе. Ќе излеземе на терен со ладни глави, мотивирани и се надевам дека ќе стигнеме до позитивен резултат.

-Холандија е анализирана како и претходно Унгарија. Играат поинаков ракомет, може да се каже дека се многу побрзи, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен натпревар. Ние сме подготвени, имаме свои шанси против нив, -истакна Жарко Пешевски.

Пред две години доживеавме убедлив пораз од „лалињата“ во Краков, но кружниот напаѓач очекува сосема поинаква приказна во Вараждин.

-Тоа беше една друга репрезентација, многу од овие играчи што се тука, тогаш беа на своите почетоци во националниот дрес, сега сме тотално поинаква, поискусна репрезентација. Ќе решаваат нијанси, тој што ќе направи помалку технички грешки ќе го добие натпреварот, -заклучи членот на Еурофарм Пелистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни