Пешевски поефикасен од Талески, нивните екипи ремизираа во Бундеслигата

Балинген и Штутгарт одиграа со нерешени 25:25, во дуел на кој гостите водеа на полувреме (13:15), но на крајот немаше победник во соочувањето на македонските репрезентативци Филип Талески и Жарко Пешевски.

Бундеслигашката пресметка меѓу две екипи кои се во долниот дел на табелата го покажа значењето на бодовите за двата тима, а на крајот веројатно ќе бидат задоволни со поделбата на бодовите.

Во однос на македонскиот дуел, Пешевски беше поуспешен откако постигна четири голови од исто толку удари, додека Талески реализирал еден погодок. Балинген има два бода повеќе, односно, осум, додека Штутгарт за кого ова е трето реми на последните чтири средби, ја продолжува сезоната со шест бодови.

Facebook Коментари