Пешевски перфектен против Мелсунген, порази за Талески и Томовски

zare borba za pozicija

Жарко Пешевски е единствениот македонски репрезентативец кој со својата екипа се радуваше на победа на мечевите во Бундеслигата.

Пикерот со својот Штутгарт беше подобар од Мелсунген со 31-28 и тоа благодарение на првото полувреме кое домаќините го реализираа со 13-10. Пешевски одигра без грешка, односно даде еден гол од еден обид.

Филип Талески со Балинген загуби кај фаворизираниот Флензбург со 32-25, а бекот даде два гола од пет обиди. Голманот Мартин Томовски пак за 7 минути немаше ниту една интервенција против Хановер, меч кој Лудвигсхафен го загуби на домашен терен со 26-24.

Facebook Коментари