Пешевски: Овој натпревар против Шпанија ќе биде поинаков од тој минатата година

zarko pesevski so dvajca vs CG

Најдобрите македонски ракометари ги финишираат подготовките пред првиот дуел од втората фаза на ЕП во Хрватска, а наш прв ривал ќе биде силната Шпанија. Жарко Пешевски е еден од помладите членови на националниот тим, но и тој е убеден дека можеме да одиме на позитивен резултат против фаворитот за висок пласман.

– Шпанија е екстремно тежок ривал и одлична репрезентација. Веќе се подготвуваме само за нив, правиме анализи на нивната тактика. Полека ги составуваме коцките и полека, но сигурно, ќе бидеме подготвени за овој дуел.

– На минатиот меѓусебен натпревар тоа беше еден одличен меч на македонската репрезентација, игравме седум на шест на таа средба 50 минути, мислам дека на овој меч ќе биде малку поинаку. Поискусни сме и поспремни за Шпанија од минатата година. Ривалот има на сите позиции одлични играчи, посебно крилата, бековската линија, имаат и супер-голмани. Ќе биде голем предизвик да се игра против нив, – истакна пикерот на македонската репрезентација.

Facebook Коментари