Поврзете се со нас

Свет

Пешевски одигра на ниво против Минден

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски имаше коректна партија на дуелот против Минден во првата лига на Германија.

Минден и Штутгарт ги поделија бодовите играјќи 27-27 во меч во кој домаќините беа подобар ривал во првото (14-10), додека гостите во вторите 30 минути (17-13). Пешевски имаше само едно промашување, односно реализираше три од четирите обиди или поточно имаше 75 процентна реализација.

Рамбо со 9 и Кристјансон со 7 голови беа најефикасни играчи во двата табори.

Штутгарт со 24 бода е на 13 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни