Европски првенства
Пешевски: Ние сме важни, да покажеме дека настапот на СП беше само едно лошо издание
Ракометната репрезентација на Македонија ќе ги продолжи квалификаците за Европското првенство со двомечот со Данска со тоа што првиот натпревар се игра вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.
Ова ќе биде сериозен тест за нашите репрезентативци и тоа против актуелниот светски првак, пресметка во која „црвено-жолтите“ веруваат дека ќе имаат што да кажат и покажат.
-Сите знаеме во какво светло се претставивме на Светското првенство, но сега играме двомеч против светскиот шампион. Нема потреба да се објаснува која е Данска. Ние сме важни во твој двомеч. Ние мора да покажеме дека настапот на СП беше само лошо издание и да дадеме сè од себе за подобар резултат, -истакна Жарко Пешевски кој проговори и за новиот селектор Кире Лазаров.
-Искрено беше малку беше чудно, но само во првите моменти. Потоа сфаќаш дека селекторот е всушност твој соиграч и пријател со кого си делел добро и лошо. Сега за сега функционираме многу добро, се надеваме дека таа конекција ќе биде уште подобра и ќе се радуваме на многу успеси, -порача кружниот напаѓач.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Англија16 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…