Поврзете се со нас

Европски првенства

Пешевски: Не се посрамотивме, ова ќе ни биде мотив плус за наредните натпревари

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Диселдорф, Ристе Влахов

Македонија не успеа да ја изненади Франција во првата средба на Европското првенство во Германија која се одигра на „Меркур Шпиле Арената“ во Диселдорф.

Нашиот национален состав го одигра добро првиот дел од првото полувреме, потоа фаворитот ги зема работите во свои раце, знаеше да ги казни нашите „празни минути“ и откако влезе во ритам беше многу тешко да се направи нешто повеќе на овој дуел.

Најефикасен македонски ракометар беше Жарко Пешевски со седум голови, па токму кржуниот напаѓач верува дека ова издание треба да им послужи како мотив плус да бидат далеку подобри во следните две средби во групата.

-Имавме одлично прво полувреме, потоа имавме мал пад, ама не се посрамотивме, се држевме до договореното, планот. Пресуди разликата во квалитет. Ова ќе ни биде мотив плус за наредните натпревари.

-Ние сме во супер тешка група, нема слаб противник. Игравме и против велесила како Франција. Имаме свои шанси на тој натпревар, малку ќе се одмориме и ќе се подготвиме за Германија, -порача Пешевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни