Пешевски и Мотор го надиграа Червар и Загреб

pesevski

Најдобриот украински ракометен состав, Мотор Запорожје дојде до првата сезонска победа во Лигата на шампионите и тоа над ППД Загреб од 35-27.

Мотор пред своите гледачи во целост го надигра клубот од хрватската престолнина, двете полувремиња ги доби во своја корист (17-13, 18-14) и сосема заслужено дојде до првте два бода во актуелнава кампања. Пухоуски со 7 и Бабичев со 6 беа најефикасни во таборот на победникот за кого пак македонскиот репрезнетативец Жарко Пешевски даде три гола од пет обиди.

Кај Загреб најефикасен беше Божиќ Павлетиќ со 10 дадени голови.

Facebook Коментари