Пешевски и Македа во тимот на месецот во СЕХА (Видео)

pesevski

Македонскиот репрезентативец и член на Металург, Жарко Пешевски и бекот на Вардар, Хорхе Македа се најдоа во тимот на месец декември во СЕХА лигата.

Во последниот месец во оваа година се одигра 21 меч во регионалното натпреварување, а освен Пешевски како пикер и Македа како десен бек во идеалните седум се најдоа уште голманот Иван Пешиќ од Мешков Брест, Јакуб Хрстка од Татран Прешов е најдобро лево крило, на позицијата десно крило е Павле Пандука (Динамо), Дамир Бичаниќ од ППД Загреб е лев бек, плејмејкер број еден е Јака Малуш од Целје, додека пак тимот го предводи Бранко Тамше (Целје)

Facebook Коментари