Пешевски излезе како победник од битката со Миркуловски во Бундеслигата

zare

Жарко Пешевски со Штутгарт излезе како победник од битката со Филип Миркуловски и Вецлар во вечерашниот меч од Бундеслигата.

Составот на Штутгарт како гостин славеше со 28-27 и тоа откако го доби второто полувреме со 13-12. Токму последниот гол за Штутгарт беше дело на Пешевски за водство од 28-26 по што домаќините дадоа уште еден погодок со што беше поставен конечниот резултат.

Жаре дуелот го заврши со перфектни три од три, додека на спротивната страна Миркуловски реализираше два од четирите негови обиде, плус забележа и една асистенција.

Facebook Коментари