Поврзете се со нас

Свет

Пешевски и Штутгарт во позитивна серија во Бундеслигата

Објавено

на

Штутгарт и Вецлар на нашите интернационалци Жарко Пешевски и Филип Миркуловски забележаа важни победи на денешните натпревари од германската ракометна Бундеслига.

Штугарт го победи Минден со 35:31, во натпревар во кој Пешевски постигнал 3 гола, а најефикасни биле Кристјансон и Лен со по 6 гола во мрежата на гостинската екипа.

Миркуловски поради повреда го пропушти гостувањето на Вецлар кај Ерлинген (24:27), но неговите соиграчи ги освоија бодовите за моментално петто место на бундеслигашката табела.

Штутгарт има две победи и едно реми на последните три средби, па веќе е три бода подалеку од опасната зона во Бундеслигата.

На третиот натпревар одигран денеска во Бундеслигата, Лајпциг го совлада Балинген со 31:24.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни