Поврзете се со нас

Свет

Пешевски и Штутгарт се израдуваа на победа, Кузмановски со една „утка“ против Балинген

Објавено

на

Жарко Пешевски и Штутгарт се израдуваа на 14. сезона победа во првата лига на Германија и тоа на гостувањето кај Бергишер каде славеа со 31-30.

Ова беше дуел со две различни полувремиња, првото им припадна на домаќините со 17-13 и второ во кое Жаре и компанија доминираа и со 18-13 се изборија за пресврт и голем триумф.

Македонскиот репрезентативец беше автор на четири гола од седумте удари кои ги упати во ракмката од голот на Балинген.

Филип Кузмановски пак даде два гола и забележа една асистенција, ама тоа не беше доволно за поволен резултат на неговиот Хановер кај гостувањето кај Балинген (30-26).

Хановер со 34 бода е на 12 позиција, Штутгарт со 31 го зазема 14 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни