Поврзете се со нас

Свет

Пешевски и Штутгарт дојдоа до првото место во Бундеслигата, Томовски и Кузмановски ремизираа во македонската пресметка

Објавено

на

Жарко Пешевски и Штутгарт го победија Лајпциг со 30:24 и се искачија на првото место во Бундеслигата.

Домашниот состав во двете полувремиња го надигра противникот, истите ги реализираше со резултат 15-12 што беше повеќе од доволно за 4 славје во 6 првенствен меч или вкупно 9 бод што во моментов е доволно за лидерска позиција во шампионат.

Пешевски одново беше одличен и даде пет гола од седум обиди. Негов најдобар соиграч беше Кристјансон со 7 погодоци, додека на спротивната страна залудни беа 10 голови на Вебер.

Во македонското дерби меѓу Мартин Томовски и Филип Кузмановски немаше победник, поточно Лудвигсхафен и Хановер одиграа 27-27. Домаќините во последен момент дадоа гол за реми што воедно за нив беше трет бод во актуелнава кампања.

Томовски се прикажа во добро светло и запиша 9 одбрани, Кузмановски пак имаше учинок од два гола од исто толку удари кон противничкиот гол.

Хановер со 6 бода е на 12 позиција, Лудвигсхафен пак го држи 16 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни