Поврзете се со нас

Свет

Пешевски еднаш промаши против Кил, важна победа за Томовски и Лудвигсхафен

Објавено

на

Репрезентативците Жарко Пешевски и Мартин Томовски вечерва беа активни на терените во Бундеслигата со тоа што нивните екипи забележаа различни резултати во пресметките против Кил, односно Кобург.

Пешевски се прикажа во одлично светло против актуелниот европски шампион, даде три гола од четири обиди, но Штутгарт беше поразен од „зебрите“ со 33-28.

Лудвигсхафен пак дојде до многу важен триумф над Кобург (22-19) во битката за опстанок во најсилната германска конкуренција, победа во која голманот Томовски учествуваше со 5 интервенции.

Штутгарт иако влезе во серија на порази со вкупно 21 бод е на безбедната 13. позиција, Лудвигсхафен со 11 е на 19 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни