Поврзете се со нас

Свет

Пешевски брилјираше на почетокот на новата сезона, Кузмановски со тројка против „лавовите“

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски со извонредна партија ја отвори новата сезона во првата германска Бундеслига.

Кружниот напаѓач беше незадржлив и непогрешлив на пресметката против Магдебург каде имаше реализација шест од шест, меѓутоа и покрај ваквата партија тимот на Штутгарт не успеа да направи изненадување и загуби со 33-29.

Ова беше дуел во кој Магдебург имаше плус еден на полувреме (16-15) за да во продолжението биде на повисоко ниво и во неколку наврати има шест гола позитива за да на крајот се затвори мечот со четири разлика. Магнусон со 7 погодоци беше прв стрелец во победничката екипа.

Филип Кузмановски и Хановер претрпеа пораз пред своите гледачи од Рајн Некар Левен од 28-24. Како пресудни се покажаа првите 30 минути во кои „лавовите“ од Манхајм се изборија за предност од 16-11 и потоа без проблеми го контролираа резултатот до истекот на 60 минута.

Кузмановски имаше солиден настап и постигна три гола со две асистенции.

Вецлар беше поразен од Фуксе Берлин (29-24), а без учинок остана ветеранот Филип Миркуловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни