Поврзете се со нас

Свет

Пешевски блескаше, Штутгарт во последната секунда остана без победа

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски е последниот во низата на наши ракометари кој се прикажа во фантастино издание овој викенд.

Имено пикерот блескаше на дуелот со Лемго во Бундеслигата каде беше најдобар играч со осум голови од девет обиди. Единствениот минус во оваа партија е што неговиот Штутгарт не успеаа да слави на домашен терен, поточно во последната секунда остана без целиот плен поради голот на Тим Сатон за конечни 27-27.

Ова за Жаре и неговите другари е прво реми во оваа сезона, вкупно 5 бод со што се наоѓаат на 9 место на прволигашката табела.

Само да посетиме викендов блескаа Манасков, Костески и Димитриевски, додека претходно во ЛШ извонреден беше голманот Митревски, а секако не треба да се заборави и партијата на Стоилов за Вардар против Флензбург што значи дека нашите ракометни асови се во одлична форма.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни